Екипата на Маџари испушти голема шанса да дојде до својата прва суперлигашка победа во историјата.
Попладнево, скопската екипа гостуваше во Куманово, водеше и со 16 поени разлика против тимот кој минатата сезона го освои третото место во лигата, но на крајот сепак славеше домашната екипа со 82-76. Со неа МКК Куманово остана со максимален ефект по две одиграни кола во новата сезона.
Маџари на овој меч одигра извонредно прво полувреме кое го доби со 46-32, а во третиот период дојде и до највисоки +16 (54-38). Кумановци одговори со серија од девет поени, на крајот од третиот период Маџари и натами имаше +8 (62-54), на стартот од последната четвртина и 65-54, а предноста на гостите остана до средината на тој квартал. Кризата дојде по водството на Маџари од 72-65, МКК Куманово тогаш ја презеде иницијативата, мечот со заврши со 17-4 и дојде до втората победа во првенството.


