Капитенот на македонската репрезентација Анџелика Митрашиновиќ се најде меѓу најдобрите пет кошаркарки во второто коло од квалификациите за Европското првенство, според остварениот индекс.
Лидерот на нашиот национален тим блескаше во дуелот против Грција и за малку не оствари трипл дабл иако и тоа не беше доволно за победа на Македонија. Митрашиновиќ постигна 23 поени, 10 скока и 9 асистенции за вкупен индекс 27, петти најдобар во вториот круг.

Од капитенот очекуваме слично издание и утре против Хрватска кога македонската репрезентација го затвора ноемврискиот „прозорец“ во квалификациите за континенталниот шампионат.


