Екипата на Гостивар остана без победа во 2025 година и по четвртиот пораз во низа, се поблиску до зоната за испаѓање од Првата лига.
МКК Куманово ја продлабочи кризата на овој тим, совладувајќи го како гостин со 62-56. Кумановци доминираа цел натпревар, во финишот домашниот тим се доближи на еден посед негатива, но не успеа да ја прекине лошата серија.
Гостивар беше во водство само во воведните минути од натпреварот и со најмногу два поена разлика. МКК Куманово брзо го пронајде својот ритам, пред крајот на првата четвртина успеа да направи двоцифрена предност (19-9), а во вториот период поведе и со 27-11. Гостиварци имаа многу проблеми во нападот, првото полувреме го завршија со само 25 поени, а во голема негатива се наоѓаа до почетокот на последниот квартал.
Со серија од 6-0, тогаш се доближија на само четири поени реазлика (47-51), на 44 секунди пред крајот беше 55-58, но изостана последниот чекор и МКК Куманово им се врати на победите.
Во прилично неефикасниот натпревар, Луковиќ беше прв стрелец со 16 поени, а двоцифрена беа и Тадиќ (13) и Радукиќ (12). Елис од Гостивар со 20 поени беше прв стрелец на мечот.


