По третото место освоено минатата сезона, МКК Куманово на фантастичен начин ја почна и новата натпреварувачка кампања.
Кумановци остварија убедлива победа на едно од најтешките гостувања во Суперлигата, кај Чаир и тоа релативно лесно, со 85-74. Тимот на Марин Докузовски се наоѓаше во негатива само два пати во првата и еднаш во втората четвртина, се останато помина во знакот на МКК Куманово иако во најголем дел од натпреварот, предноста не беше многу висока.
Во првото полувреме гостите водеа со 10 разлика (41-31), а на голем одмор заминаа со 46-35, но во третиот период Чаир се доближи на само еден поен негатива (56-57). Брканицата продолжи до средината на последната четвртина кога МКК Куманово со серија од 7-0 поведе со 75-63 и дефинитивно стави крај на сите дилеми околу победникот.
Радукиќ, Луковиќ ни Стевановиќ го предводеа МКК Куманово, заедно постигнувајќи 57 од вкупно 85 поени на тимот. Рушити со 18 поени го предводеше Чаир.


