Екипата на МКК Куманово оствари исклучително важна победа во битката за висок пласман откако вечерва на домашен терен го победи Шкупи со 83-75.
Кумановци славеа благодарение на подобрата игра во второто полувреме откако во првиот дел доминираше гостинскиот тим. Шкупи одлично го отвори мечот, почна со 9-0, подоцна имаше 12-1 и највисоки 15-3 и 18-6, но тука застана. Со серија од 7-0, МКК Куманово нешто подоцна се доближи на 16-20, а до полувреме стигна на само два поена негатива (40-42).
Пред крајот на првото и на почетокот од второто полувреме, домашниот тим направи серија од 12-0 со која не само што го комплетира пресвртот, туку и поведе со 50-42, за со тројките на Јанески и Радукиќ на две минути пред крајот на третиот период, да отиде и на двоцифрена предност (61-51). Шкупи не се предаде, во последниот квартал се доближи на само два поена негатива, но кога МКК Куманово поведе со 77-65, јасно беше дека тука е крајот на надежите на чаирчани.
Дури шестмина кошаркари на МКк Куманово постигнаа двоцифрен број поени, најмногу Радукиќ – 17. Сила од Шкупи имаше уште еден одличен настап, постигна 25 поени и 17 скока, но сега тоа не беше доволно за триумф на неговиот тим.


