Дебитантот во Првата македонска кошаркарска лига МКК Куманово доби жестока казна за случувањата во дуелот со Чаир, одигран минатиот викенд.
Мечот го одбележа прекинот кој траеше 40 минути, предизвикан од националистички скандирања од трибините при што судиската тројка нареди празнење на делот од трибината каде што се наоѓаа најжестоките навивачи на домашниот тим. Како резултат на тоа, Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ донесе одлука, МКК Куманово да плати 32 илјади денари, а на следните два меча овој тим да игра без присуство на публика.
Со оглед на тоа што кумановци денеска го играат натпреварот од последното коло како гости кај Вардар, казната ќе ја „одлежат“ на почетокот од плејофот или, во краен случај, на почетокот од идната сезона,


