Актуелниот шампион МЗТ Скопје се врати на победнички патеки откако во петокот службено го загуби мечот против Ангели поради административен пропуст.
Аеродромци вечерва славеа на гостувањето кај Гостивар со 77-57 и застанаа веднаш зад водечката тројка во првенството: Пелистер, ТФТ, Куманово, екипи имаат максимален ефект досега. МЗТ Скопје како голем фаворит отпатува во Гостивар и својата улога ја оправда многу брзо.
Практично, доволна беше втората четвртина која скопскиот тим ја доби со 28-14 и, по неефикасниот прв период, на голем одмор замина со +16 (41-25). Поради тоа што се случува во воведните 20 минути, вториот дел помина во рутинска игра на гостите кои без поголеми проблеми дојдоа до триумфот.
Мак Смит со 14 поени беше најефикасен кај МЗТ, Меехден и Крстевски додадоа по 12, но најголемата работа „штрковите“ ја завршија во одбраната, запирајќи го најдобриот стрелец во лигата Абрам на само шест поени. Првиот играч на Гостивар досега имаше просек од 28,3 поени, но вечерва шутираше 0/9 за тројка и го заврши мечот со индекс 3. Карахоџиќ беше единствен со двоцифрен ефект во домашниот тим – 12 поени.


