Шампионот МЗТ Скопје утре го очекува уште еден дерби дуел во домашното првенство, против Кожув на домашен терен.
Тоа ќе биде реприза на финалето од Купот на Македонија и на мечот од Суперкупот на Македонија. МЗТ Скопје победи на двата меча, но во Суперкупот имаше многу проблеми да дојде до триумфот и до трофејот. Утрешниот меч ќе даде одговор на прашањето дали МЗТ Скопје ги увидел грешките и дали ги корегирал.
„Секој натпревар е различен. Кожув е добар тим без разлика каде игра и ние сме подготвени за него и очекуваме да победиме. Како што реков, се чувствуваме максимално подготвени без оглед на паузата и верувам дека ќе продолжиме во ист ритам како и досега. Исто така, верувам дека имаме шанси првата полуетапа да ја завршиме на првото место на табелата и покрај тоа што во моментов сме во негатива во однос на ТФТ. Има уште 3 натпревари до крајот на полусезоната и ќе се обидеме да победиме се до крајот“, рече Петков за КОШ.МК.
Тој не беше во комбинација за настап во репрезентација на стартот од претквалифиациите, од МЗТ Скопје во националниот тим беа само Магдевски и Војдан Стојановски, па тоа им даде можност на аеродромци да се одморат пред продолжението од првенството.


