Без многу напор, екипата на МЗТ Скопје стигна до третата победа во сезоната откако славеше против единствениот тим без странци во Суперлигата, Ангели со 78-55.
Буквално се на мечот беше решено уште во првата четвртина која гостите ја добија со 26-12 по што остана само прашање колкава ќе биде победата на фаворитот. Ангели успеаја да намалат на само пет поени негатива во вториот дел (23-28), но МЗТ Скопје одговори со серија од 12-0 за водство од 40-23 кое потоа не беше загрозено.
Највисоката предност шампионот ја имаше во втората минута од последниот период кога поведе со 28 разлика (69-41).
Мекејден со 15 поени беше најефикасен на мечот, а Гил и Магдевски постигнаа по 12 за МЗТ Скопје. Интересно е тоа што во тимот на Ангели немаше ниеден кошаркар со двоцифрен, а најблиску до тоа беа Ибраими, Балов и Атанасов кои постигнаа по девет.


