Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје ја продолжи победничката серија во домашното првенство, откако вечерва славеше на гостувањето кај Феникс со 85-73.
Исходот од овој меч сугерира лесен триумф на тимот од Аеродром, но во суштина не беше така. Отпорот на Феникс беше скршен дури во последната четвртина, по долга борба во првите три периоди.
Гостите првпат се одлепија на почетокот од втората четвртина кога по тројката на Смит поведоа со 26-17. Феникс се врати во игра кон средината на истиот квартал кога израмни на 39-39, но на голем одмор се замина со предност на МЗТ Скопје со 46-40. Второто полувреме почна со серија од 11-1 за домашниот тим (МЗТ постигна поен, па Феникс одговори со 11 по ред), но шампионот брзо се рехабилитира и до крајот на четвртината повторно направи солидна предност.
Феникс некако се одржуваше до средината на последната четвтртина, но потоа МЗТ Скопје почна постепено да се одлепува и направи предност која за Феникс не беше достижна.
Смит со 20 поени беше најефикасен на натпреварот, Танасковиќ додаде 16, а Дејвис направи дабл дабл со 13 поени и 11 скока. Дајсон го предводеше Феникс со 18 поени.


