На неколку дена пред продолжението на сезоната во домашното првенство, актуелниот шампион МЗТ Скопје објави дека ја прекинува соработката со еден од своите кошаркари.
Член на клубот од Аеродром повеќе не е поранешниот младински репрезентативец Оливер Двојаковски кој си заминува по точно една година. Тој му се придружи на МЗТ Скопје во истиов период лани, а дојде од најголемиот ривал Работнички каде играше претходно.

МЗТ Скопје веќе ја почна новата година, со дуел против Војводина во АБА 2, а во првото „пролетно“ коло од Суперлигата, претстојниот викенд ќе се сретне со Маџари.


