Актуелниот шампион МЗТ Скопје ја продолжи победничката серија во домашното првенство и по дуелот со Ангели.
Аеродромци славеа со 95-74, но тренерот Васко Атанасов сочува дел од главните играчи, а оние кои настапија, одиграа рутински и без многу напрегање. Војдан Стојановски и Андреј Магдевски останаа на клупа, додека Бојан Крстевски на теренот помина само околу 12 минути.
И во такви услови МЗТ Скопје беше апсолутно доминантен и сите дилеми ги реши по само едно полувреме. Во воведните 20 минути постигна 58 поени, имаше предност од 19 разлика, па вториот дел остана само како формалност на овој меч.
Чарлс Гил постигна 22 поена и беше најефикасен во победничкиот тим, додека Рубин Стефанов со 18 ги предводеше Ангели.


