На еден ден пред големото дерби на македонската кошарка, ситуацијата во редовите на МЗТ Скопје е одлична и сите очекуваат продолжение на победничката серија.
Шампионот во своите редови има голем број прекалени борци, искусни кошаркари со куп освоени трофеи кои знаат како се играат вакви натпревари. Од тие причини, можеби предноста пред утрешното дерби во Кале е на страната на МЗТ Скопје, но репрезентативецот Андреј Магдевски не сака да се потпира на претпостави и прогнози.
„Не очекува тежок дерби натпревар против Работнички. На овие дуели ништо не се знае однапред, нема фаворит, секој секого сака и може да победи, без разлика во каква форма или со какви проблеми се соочува екипата. Ги повикувамсите љубители на македонската кошарка да дојдат и да го проследат дербито, се надевам на фер и коректно навивање и подобриот на терен нека победи“, изјави Магдевски за КОШ.МК.
МЗТ Скопје во дербито ќе влезе од втората, а Работнички од петтата позиција. Аеродромци се наоѓаат во серија од четири победи во меѓусебните дуели, а тимот од Градски парк последен славеше пред безмалку две години, со 95-91 во „Јане Сандански“.


