Кошаркарската федерација на Македонија одлучи влезот во Кале за утрешниот натпревар против Азербејџан да биде слободен.
Македонската репрезентација со него ги почнува претквалификациите за Европското првенство во 2029 година и потребна ѝ е поддршка за да дојде до посакуваниот триумф. Отворањето на вратите во Кале треба да придонесе за што поголема посетеност, а со тоа и атмосфера која ќе го однесе националниот тим до победа.
Така беше на последниот меч што Македонија го играше на домашен терен, на 20 август против Унгарија кога беше остварена победа.


