Додека Работнички се подготвува да се врати во својот дом во Градски парк по пауза од пет години, салата во Градски парк во текот на вчерашниот ден имала неочекувани поосетители.
Во период кога се вршат завршните работи во објектот што се реновира, таму влегле навивачи на МЗТ Скопје и се „потпишале“ на оградата на една од трибините. Во претходниот период не беше многу тешко да се влезе во салата бидејќи вратите главно беа отворени, но веројатно од Општина Центар која е инвеститор на реновирањето, не очекувале да дојдат навивачи од Аеродром и да ја осквернават.

МЗТ Скопје и неговите навивачи се очекува да бидат први официјални гости во реновираната сала во Градски парк бидејќи отворањето е планирано за вториот викенд од декември кога се игра големото дерби на македонската кошарка.


