Вчера заврши 14., а веќе денеска почнува 15. коло во македонската кошаркарска Суперлига кое ќе се игра до понеделник.
Најинтересниот дуел треба да биде утрешниот, меѓу Работнички и Кожув кој ќе се игра во салата во скопската населба Маџари. Поранешниот шампион е во серија од пет порази како последица на што падна во зоната за испаѓање. Во првиот дел од сезоната Работнички со голем пресврт славеше на гости кај Кожув, но тогаш ситуацијата беше многу поинаква, тренерот Мирковски имаше долга ротација на располагање и го искористи тоа за да дојде до голем триумф. Во меѓувреме, речиси цела екипа си замина, дојдоа неколку нови играчи, но прашање е колку се физички подготвени за да го однесат тимот до победа, прва во 2026 година.
Вниманието ќе го привлече и градската пресметка, меѓу Маџари и ТФТ, утре на истото место. ТФТ е во фантастична серија која го држи на првото место на табелата и целта е таму да остане пред завршниот турнир од Купот на Македонија кој се игра идниот викенд.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
07.02.2026
17:00 Феникс – Пелистер
17:30 Ангели – МКК Куманово
18:00 МЗТ Скопје – Гостивар
08.02.2026
13:00 Работнички – Кожув
18:00 Маџари – ТФТ
09.02.2026
Чаир – Тиквеш 19:00


