Македонската кошаркарска репрезентација в сабота ги почнува претквалификациите за Светското првенство во 2027 година, а стартот на овој циклус носи една голема промена.
По шест години, на предната страна на дресовите на националниот тим нема да пишува Северна Македонија како што од 2019 година е официјалното име на нашата држава. Место тоа, во иднина ќе ја има кратенката МКД, почнувајќи од саботниот дуел против Романија во Куманово.
Ова е прв чекор кон остварување на најавата на новото раководство за промена на името на Федерацијата од „Кошаркарска федерација на Северна Македонија“ во „Македонска (или Национакна) кошаркарска федерација“.


