На барање на Министерството за внатрешни работи на Македонија, претстојната недела нема да има првенствена кошарка во земјава, а третото коло од Суперлигата е одложено.
Откажани се сите натпревари во перидоот од 14 до 19 октомври поради претстојните Локални избори во Македонија. Препораките на МВР се одложените дуели да се играат од 20 до 22 октомври, но тоа не е возможно во целост бидејќи во тој период МЗТ Скопје има гостување кај Сутјеска во АБА 2, а Пелистер треба да го пречека словачкиот тим Приевидза во второто коло од ФИБА Европа купот.
За идниот викенд беше планирано да почне и Втората лига, но очигледно стартот во ова натпреварување ќе биде одложено.


