Македонската кошарка денеска остана без еден од најхаризматичните ликови. Ненадејно почина Ерхан Ќаил Еко, кошаркарски делегат и редовен посетител на сите спортски настани во земјава.
Популарниот Еко кого го знаеја сите инволвирани во спортот во Македонија, беше прв лиценциран делегат на Кошаркарската федерација на Македонија како лице со попреченост и единствен во Европа. И покрај пречките со кои се соочуваше во секојдневниот живот, постојано беше насмеан и расположен и претставуваше инспирација за секој човек.
Кошаркарското семејство загуби скромен, тивок и добар човек, со срце во кое имаше место за сите луѓе.


