МЗТ Скопје веќе 13 години е доминантна сила во македонската кошарка, но никогаш досега не стигнал до трофејот во Купот на Македонија така моќно како оваа сезона.
На трите меча што го одигра во Гевгелија, тимот од Аеродром ги доби противниците со кош разлика од +74, а притоа мора да се истакне дека играше со најтрофејниот тим во Македонија, актуелниот вицешампион и домаќинот на турнирот. Работнички го победи најубедливо, со 34 разлика (97-63), Пелистер со 15 (103-88), а Кожув со 25 (86-61). Никој досега во историјата на македонската кошарка или откако се игра во сегашниот систем, со осум екипи, не успеал така моќно да го освои пехарот во Купот на Македонија.
Со осум екипи на завршницата од Купот на Македонија се игра од 2006 година со тоа што неколку пати во меѓувреме се менуваше и тој систем и учествуваа само четири екипи.


