Неверојатен куриозитет се случи вечерва на натпреварот од израелското првенство меѓу Галил Елион и Хапоел Тел Авив.
Во втората четвртина од мечот, домашната екипа не успеа да постигне ниеден поен и таа заврши 22-0 за екипата на Хапоел. Вакво нешто не е видено во европската кошарка откако се воведени четвртини место полувремиња како што се играше порано, а особено е чудно што во овој случај се работеше за домашната екипа.
Интересно е тоа што Галил Елион ја доби првата, а потоа и третата четвртина и во пресрет на последниот квартал имаше само седум поени негатива и покрај тоа што го преспа вториот период. На крајот Хапоел Тел Авив славеше со 79-64 и привремено се искачи на првото место на табелата со оглед на тоа што Хапоел Ерусалим и Макаби имаат по натпревар помалку.


