Македонскиот кошаркарски стручњак Никола Велев има нов предизвик во кариерата откако денеска официјално беше претставен како нов помошен тренер на романскиот великан Рапид Букурешт.
Велев доаѓа во стручниот штаб на клубот по двегодишниот ангажман како прв тренер на ЦСУ Тaрговиште (2024-2026), каде што стекна значајно искуство во романскиот шампионат.
Тој е добро познато име во македонската кошарка. Од 2019 година е дел од стручниот штаб на сениорската репрезентација на Македонија како помошен тренер, а во текот на ова лето беше и селектор на машката репрезентација до 20 години.
На клупски план, Велев беше помошен тренер на МЗТ Скопје Аеродром, со кој освои две шампионски титули и три трофеи во Купот на Македонија.
Со преминот во Рапид Букурешт, еден од најпознатите романски клубови, Велев прави нов исчекор во својата тренерска кариера и ќе биде дел од амбициозниот проект на тимот за претстојната сезона. Неговото доаѓање е на инсистирање на новиот генерален менаџер на Рапид, Александар Тодоров кој своевремено, кога беше селектор на Македонија, го имаше Велев во својот стручен штаб што доволно зборува за неговиот респект кон 36-годишниот стручњак.


