Неполна недела по дебаклот во Купот на Македонија, Работнички се соочува со нов огромен проблем во тимот.
Од екипата си замина босанскиот интернационалец Имран Полутак кој според индексот беше еден од најдобрите играчи на Работнички во досегашниот дел од сезоната. Полутак досега одигра 16 натпревари во Првата лига со просек од 14,1 поени и 7,4 скока и индекс 15,9, втор највисок во тимот, по Стојан Ѓуроски кој остварува 18,1 (Марковиќ исто така има поголем индекс, но тој дојде минатиот месец).
Со заминувањето на Полутак, повеќе нема ниеден од странските кошаркари кои пред почетокот на сезоната дојдоа во Работнички. Претходно, од исти или слични причини си отидоа и Сикираш, Персон и Јовичиќ, а во меѓувреме клубот ги донесе Капетановиќ, Марковиќ и Дубински, додека Бернард одигра само еден натпревар.


