Пред 3.000 гледачи во арената „Александар Николиќ“ во Белград, женската репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од Србија во петтото коло од квалификациите за Европското првенство.
Домашната селекција славеше со 105-60 во меч во кој постојано ја имаше контролата над играта и резултатот и беше впечаток дека може да победи колку сака. Првите две четвртина Србија ги доби со по 10 разлика, а капак беше последната која ѝ припадна со 31-11.
Анџелика Митрашиновиќ со 17 поени беше најефикасна во македонската репрезентација, Александра Стојановска додаде 16, а Мерит Хемпе и Илина Селцова заврши со 10 поени.
По овој дуел, за Македонија останува уште мечот против Украина кој е на програмата в недела во Рига.


