Поранешниот шампион на Македонија, Тиквеш стави крај на мини серијата од два пораза откако денеска славеше на гостувањето кај Ангели со 88-63.
До триумфот стигна благодарение на одличното второ полувреме кое кавадарчани го добија со 52-32 и во тие 20 минути ја запечати својата трета победа во првенството оваа сезона. Кошаркарите на Ангели жестоко се бореа додека имаа сили, но познато е дека тоа е единствениот тим во македонскиот шампионат оваа сезона без странски играчи во својот состав.
Во текот на целото прво полувреме, Тиквеш не успеваше резултатски да се одлепи и највисоката предност изнесуваше шест поени. Тоа го направи на стартот од третиот период кога со серија од 11-0 отиде на 50-33 и до крајот на мечот повеќе немаше неизвесност.
Андерсон со 20 поени и 16 скока беше убедливо најдобар играч на натпреварот со индекс 29, а дабл дабл во гостинскиот тим остварија уште Бошалески (11 поени и 10 скока) и Глигоријевиќ (16 поени и 11 скока). Ибраими го предводеше тимот на Ангрли со 16 поени.
фото: КФМ


