На три дена пред почетокот на завршниот турнир од Купот на Македонија, познат е распоредот на натпревари за првиот ден кога на програмата се четвртфиналните дуели.
Програмата ќе биде целодневна, почнувајќи од 13, па најмалку до 22 часот. Отвораат екипите на ТФТ и Гостивар, по нив се среќаваат Пелистер и Чаир, па Кожув и МКК Куманово, а најдоброто се очекува на крајот – пресметката меѓу МЗТ Скопје и Работнички во нивниот најран дуел во историјата на Купот на Македонија.
Организатор на натпреварувањето е Кошаркарскиот клуб Кожув и Општина Гевгелија, а турнирот ќе се игра од 13 до 15 февруари.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (13.02.2025)
13:00 ТФТ – Гостивар
15:30 Пелистер – Чаир
18:00 МКК Куманово – Кожув
20:30 МЗТ Скопје – Работнички


