Неполна недела по елиминацијата од АБА 2 и два дена по поразот од ТФТ во домашното првенство, МЗТ Скопје ја прекина соработката со хрватскиот интернационалец Марко Баковиќ.
Искусниот крилен центар ја играше втората сезона во редовите на македонскиот шампион откако таму пристигна во пресрет на сезоната 2023/24. Оваа натпреварувачка кампања беше еден од најдобрите во тимот на натпреварите од АБА 2 лигата со просек од 9,2 поена и 6,4 скока со индекс 10,6 (трет во тимот зад Едвин и Слај), но не беше на нивото во домашното првенство каде на девет настапи просечно бележеше по 6,2 поена и 5,3 скока со индекс 7,3.
„Марко Баковиќ повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје, откако денеска спогодбено го раскинавме договорот со него. Со среќа во понатамошната кариера!“, објави МЗТ Скопје.
Пред МЗТ Скопје, Баковиќ настапуваше во Шпанија, Исланд, како и во хрватското и босанското првенство. Извесно е дека македонскиот првак наскоро ќе донесе замена за него и ќе се обиде да ја продолжи доминацијата во домашното првенство.


