По поразите од Гостивар и ТФТ, екипата на Пелистер се врати на победнички патеки откако вечерва славеше на гостувањето кај Тиквеш со 99-76.
Иако конечниот резултат имплицира лесна победа на Пелистер, Тиквеш долго време одолеваше и се држеше до средината на третата четвртина. На шест минути пред крајот на тој период беше 63-60 по што Пелистер направи 15-2 и отиде на 78-62 со што го скрши отпорот на домашниот тим. Во последната четвртина Тиквеш постигна само десет поени, па на битолскиот тим не му беше лесно да го заклучи натпреварот со убедлив триумф.
Дуелот Малешевиќ-Дејвис беше најзаслужно за победата на Пелистер, со по 26 постигнати поени, со тоа што српскиот интернационалец имаше и девет скока. Хоукинс го предводеше Пелистер со 25 поени.
Интересно е тоа што Тиквеш има само една победа на петте натпревари на домашен терен и се наоѓа на осмата позиција на табелата.


