И во четвртиот натпревар од новата сезона, екипата на Пелистер оствари двоцифрена победа, совладувајќи го на домашен терен Феникс со 89-68.
Мечот се одигра во исклучително мирна атмосфера, а домашниот тим му ја посвети победата на својот поранешен играч, тренер и функционер Зоран Петковски кој почина вчера. Неизвесност имаше само во воведниот дел од мечот, потоа Пелистер ја презеде иницијативата, на стартот од вториот период поведе со 29-17 и победата повеќе не беше доведена во прашање.
Дамјан Крстевски го одигра најдобриот натпревар во дресот на Пелистер, постигнувајќи 17 поени, 11 скока и 4 асистенции за 25 минути во игра, Прајс реализира 16 поени, а Вилсон 15 поени со 8 скока.
Виктор Златевски го предводеше гостинскиот тим со 16 поени, а двоцифрен беше само уште Рахама, со 13.


