Непосредно по завршувањето на дерби дуелот од шестото коло на Суперлигата, меѓу Пелистер и МЗТ Скопје, раководството на домашниот тим поднесе жалба на судењето на овој натпревар.
Мечот го одбележа бурниот финиш, во последната четвртина беа досудени три технички грешки, сите на штета на битолчани кои предизвикаа револт и на клупата и на трибините.
„КК Пелистер ја информира јавноста дека веднаш по мечот испрати официјална жалба до федерацијата поради начинот на кои арбитрите ја делеа кошаркарската правда на овој дуел, во кои наместо кошаркарите, тие се најдоа во главна улога“, објавија битолчани.
Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ го водеа судиите Ѓорески, Михајловиќ и Огненов.


