Екипата на Пелистер се зацврсти на третата позиција на табелата во Суперлигата откако славеше и во третиот натпревар во новата година.
Битолчани како гости го совладаа тимот на Маџари си 99-83 и тоа благодарение на одличната игра во последната четвртина. Тие десет минути Пелистер ги доби со 29-13 и токму таа разлика беше во конечниот резултат откако по претходните три период беше 70-70.
Бобан Стајиќ одигра одличен натпревар, со 26 постигнати поени, но кај Пелистер се истакна и Никола Малешевиќ кој реализира 24 поени, без промашување од игра (6/6 за два, 2/2 за три) и само еднаш беше непрецизен од линијата за слободни фрлања (6/7).
Во тимот на Маџари, Амар Хот ја потврди одличната форма, постигнувајќи 28 поени и осум скока. Џавон Грин беше многу блиску до трипл дабл, но остана на 10 поени, 12 асистенции и осум скока.


