По три победи во низа, екипата на Маџари повторно доживеа тесен пораз откако вечерва загуби на гостувањето кај Чаир со 79-83.
За домашниот тим, тоа е втора победа по ред и вкупно втора во сезоната со што го напуштија дното на суперлигашката табела. До триумфот дојде во драматичниот финиш во кој еднакви шанси за славје имаше и тимот на Маџари.
Колку беше тесен овој натпревар, најдобар доказ е фактот што ниедна од екипите не направи повисока предност од шест разлика. Во такви услови, победникот се одлучуваше во последните 50 секунди во кои се влезе со израмнет резултат (78-78). Грин потоа го доведе Маџари во водство, но излезе дека тоа е последниот поен за гостинскиот тим на овој меџ. На спротивната страна Реџа погоди важна тројка, а во клучниот нашад Грин промаши две слободни фрлања, овозможувајќи му на домашниот тим преку Стардивант да стави точка на мечот.
Билингсли со 22 поена беше најефикасен играч на мечот, но се истакна и Реџа со 17 поени, осум скока и шест асистенции. Грин со 23 поени го предводеше Маџари, се до клучните промашени слободни фрлања во финишот.


