На 47-годишна возраст, денесна ненадејно почина Зоран Петковски, поранешен кошаркар на неколку македонски клубови и младински репрезентативец, а последните години тренер и спортски функционер.
Својата играчка кариера ја почна во тимот на Пелистер пред повеќе од три децении, а подоцна играше и за Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколу, Радовиш итн. Најголемиот успех, сепак, го постигна со кадетската репрезентација на Македонија со која во 1995 година го освои четвртото место на Европското првенство што се одржа во Португалија, резултат кој до денес е најдобар во историјата на нашите младински селекции.
По завршувањето на играчката, Петковски почна тренерска кариера, го водеше Пелистер со кого се пласира во Првата македонска кошаркарска лига, а беше дел и од управата на Пелистер.
Петковски е втор кошаркар што прерано почина од славната генерација на кадетската репрезентација на Македонија од 1995, што го освои четвртото место на Европското првенство. Во 1999 година, од срцев удар почина тогашниот играч на Работнички, Благоја Патровски.


