Еден од помладите во сенироската репрезентација на Македонија, Андреј Митревски е оптимист во врска со иднината на националниот тим и покрај вчерашниот пораз од Романија на домашен терен.
Нашата репрезентација излезе во драстично изменет состав во однос на квалификациите за Европското првенство, со кошаркари кои досега не биле или ретко добивале шанса во сениорскиот состав, па во клучните моменти до израз дојде нивното неискуство. Сепак, Митревски смета дека времето на оваа репрезентација допрва доаѓа.
„Ова е нова генерација и целосно нов тим, знаеме дека претставува само прв чекор за нас како репрезентација. Клучен фактор за нашиот пораз беа нивните офанзивни скокови, лошо заградувавме во одбраната и во тој сегмент противникот направи многу голема разлика.
Сепак, ова не треба да биде големо разочарување, ние почнуваме да градиме нешто ново, сигурен сум дека сите кошаркари го оставија срцето на терен и верувам дека резултатите ќе дојдат.
Знаевме дека Романците имаат добри шутери, но имавме некои грешки во одбраната поради кои им оставивме целосно чисти позиции, претежно поради ротирањето. Сепак, морам да признаам дека нивниот шут беше големо изненадување за нас затоа што не е својствено за селекција како Романија да погоди 12 тројки. Ќе треба во иднина да поработиме на сите сегменти и да не си доволуваме вакви порази“, истакна кошаркарот на Феникс.


