Поради променетиот систем на натпреварување, оваа сезона Купот на Македонија ќе почне со квалификациско коло кое ќе се одржи во последниот викенд од декември.
Со оглед на тоа што денеска се одигра и финалниот меч од првата полуетапа, познат е конечниот пласман на екипите и двојките за првата фаза од Купот. Најголемо внимание ќе предизвика дуелот на поранешните шампион на Македонија, Работнички и Тиквеш кои во еден меч ќе одлучат кој ќе се пласира на завршниот турнир во февруари.
Победникот од тој дуел ќе излезе на мегдан со МЗТ Скопје во полуфиналето, но, ако ништо не се смени, секако ќе биде голем аутсајдер во тој дуел.
На останатите дуели од првата фаза, само МКК Куманово ќе биде апсолутен фаворит во дуелот со Ангели, додека останатите две пресметки можат да бидат многу интересни. Кумановци неочекувано го освоија дури петтото место на табелата бидејќи беа најслаби во кругот од три екипи, заедно со Пелистер и Кожув. Одлучи вчерашниот триумф на Кожув на гости кај Пелистер.
ТАБЕЛА:
ТФТ 21 бод, МЗТ Скопје 20, Кожув 18, Пелистер 18, Куманово 18, Маџари 17, Работнички 16, Чаир 15, Феникс 15, Тиквеш 14, Гостивар 13, Ангели 12.
ДВОЈКИ ЗА ПРВАТА ФАЗА ОД КУПОТ:
(1) Куманово – Ангели
(2) Маџари – Гостивар
(3) Работнички – Тиквеш
(4) Чаир 2030 – Феникс
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
(5) ТФТ – Победник 4
(6) МЗТ Скопје – Победник 3
(7) Кожув – Победник 2
(8) Пелистер – Победник 1
ПОЛУФИНАЛЕ
(9) Победник 5 – Победник 8
(10) Победник 6 – Победник 7


