Плејмејкерот на Париз, Ти Џеј Шортс доаѓа во Македонија и ќе му биде на располагање на селекторот Александар Јончевски за последните квалификациски дуели за Европското првенство во 2025 година.
Претпладнево Јончевски и Шортс имале средба во Франкфурт и заедно патуваат кон Скопје каде вечерва од 18 часот почнуваат подготовките за натпреварите против Естонија на 21 и Полска на 24 февруари. На македонската репрезентација ѝ се потребни победи на двата меча, плус пораз на Естонија од Литванија, за да обезбеди пласмана на континенталниот шампионат, првпат по точно една година.
Шортс ќе го пополни местото за натурализиран играч бидејќи Итан Хап отпадна од комбинација поради повреда која го одвои од терените веќе четири месеци. Центарот ни беше исклучително потребен за последните два меча за да ги засили позициите под кошевите, но очигледно наша најголема сила на нив ќе бидат бековите.
Шортс не играше досега за Македонија во овој квалификациски циклус, но со Ненад Димитријевиќ ќе формира еден од најубиствените тандеми во Европа, а со неговото доаѓање драстично се зголемуваат шансите на нашата репрезентација за пласман на првенството.


