Најинтересниот натпревар од петтото коло во кошаркарската Суперлига треба да е дуелот меѓу МЗТ Скопје и МКК Куманово, екипи кои во досегашните четири кола немаа пораз на теренот иако на аеродромци им беше избришана една победа поради административна грешка.
Од тие причини, љубителите на кошарката очекуваа да грми на теренот, играчите да се надмудруваат на теренот и да биде неизвесно до крајот. Од сето тоа, во првата четвртина има само неизвесност бидејќи резултатот по десет минути игра е израмнет.
Ефикасноста е ужасна ако се има предвид дека играат две екипи што сезонава ќе конкурираат за трофеите во домашната кошарка. На крајот од првата четвртина, на семафорот стои 12-12, а тешко е да се каже кој е поочаен.
МЗТ Скопје шутираше 5/18, а МКК Куманово 5/12 од игра, од вкупно осум шута за тројка, погоден е само еден и тоа од Дамјан Стојановски. На ракометен натпревар има повеќе реализации отколку на кошаркарското дерби од Суперлигата.


