Екипата на МКК Куманово е една од трите која останува со максимален ефект и по четири кола од новата сезона во Суперлигата.
На домашен терен, кумановци го совладаа единствениот без странски кошаркари во елитната конкуренција Ангели со 109-67, остварувајќи ја првата „стотка“ оваа натпреварувачка кампања. Во претходното коло за малку им избега, но сега немаше дилеми во ниеден момент.
Израмнето на овој меч беше само во воведните 13 секунди, потоа Стевановиќ постигна двојка, па тројка и за кратко време МКК Куманово веќе водеше со 5-0. На крајот од првата четвртина беше 29-11 за домаќините и потоа водството се зголемуваше со секоја нова минута, до највисоките +46.
Сите кошаркари на МКК Куманово се запишаа во листата на стрелците, најефикасен беше Луковиќ со 19 поени, а Стевановиќ додаде 18. Атанасов ги предводеше Ангели со 12 поени.


