Екипата на Работнички ја прекина мини-серијата од два пораза откако денеска славеше во дуелот со Шкупи славеше со 103-68.
Тоа е прв натпревар сезоната на кој тимот од Градски парк успеа да ја мине границата од 100 поени. До победата стигна без Џексон Дубински, но и без новото засилување Миљан Марковиќ кој дојде пред четири дена.
И без тоа, Работнички ја потврди разликата во квалитет и со исклучок на почетните 5-6 минути, постојано беше во убедливо водство. Шкупи беше во предност само на 8-7, а потоа следуваше серија од 12-0 за прво двоцифрена водство на домашниот тим. На стартот од вториот период Работнички направи уште една серија, од 10-0 за водство од 43-17, а највисоката предност ја имаше на седум минути пред крајот кога поведе со 94-46. Во финишот Горан Самарџиев ги одмори главните играчи, па Шкупи го искористи тоа за да го ублажи поразот.
Шестмина кошаркари на Работнички постигнаа двоцифрен број поени, најефикасен беше Ѓуроски со 22, Полутак додаде 17 со 10 скока, а Шошкиќ 15. Арнолд со 20 поени беше прв стрелец на Шкупи.


