Иако се елиминирани од борбата за шампионската титула, за Работнички и МКК Куманово се уште не е завршена сезоната во домашното првенство.
Од денеска, тие се во борба за третото место во конечниот пласман кое носи привилегии во рангирањето за државните субвенции, но може и да одлучи која екипа ќе има предност за евентуално учество во АБА 2 лигата идната сезона. Првиот натпревар од серијата се игра вечерва од 19 часот во Кале и е еден вид предигра за стартот на финалето во кое ќе се сретнат МЗТ Скопје и МКК Куманово.
Во основниот дел од сезоната, резултатот во меѓусебните дуели беше 1-1 со тоа што секоја од екипите славеше на домашен терен. МКК Куманово веќе оствари историски успех во својата дебитантска сезона, додека евентуално трето место за Работнички би бил мала утеха за уште една лоша сезона на најтрофејниот македонски клуб.


