Американскиот интернационалец Џордан Онил неочекувано го напушти Работнички, по само пет кола од новата сезона со што ги продлабочи проблемите на тимот од Градски парк.
Практично, тој одигра само три натпревари бидејќи во првите две кола немаше право на настап затоа што клубот не можеше да го регистрира. На тие три меча, против Тиквеш, Кожув и Гостивар, тимот на Работничи победи, а Американецот имаше просек од 9,7 поени и 6,3 скока. Најдобар беше против Гостивар кога за 25 минути во игра постигна 25 поени и шест скока.
Заминувањето на Онил ќе предизвика проблеми под кошевите за Работничлки што се гледа и на денешниот натпревар против Чаир на кој противникот има дури 16 скока повеќе (38-22).


