Поранешниот шампион на Македонија, Работнички на следниот натпревар од Суперлигата конечно ќе биде комплетен.
Раководството на клубот ги подмири долговите кон поранешните кошаркари по што е тргната суспензијата за трансфери на странски играчи. Така Работнички ќе може да ги регистрира летните засилувања и да продолжи во целосен состав.

Натпреварот од третото коло на Суперлигата, Работнички најверојатно ќе го игра на 21 октомври против Тиквеш и тренерот Владимир Мирковски на него ќе може да смета на сите играчи.


