Поранешниот шампион на Македонија, Работнички го донесе и четвртото странско засилување, вкупно шесто за новата сезона.
Во Градски парк доаѓа и американскиот кошаркар Брендон Витни кој треба да ја зацврсти бековската линија имајќи предвид дека може да ги покрие позициите 1 и 2. Последната сезона ја поминал на Универзитетот Монтана за која одиграл 35 натпревари во најсилната дивизија во НЦАА.
Витни е висок 185 сантиметри, а минатата сезона бил избран во втората најдобра петорка во Биг Скај конференцијата, како и во идеалната дефанзивна постава. Тоа најдобро зборува за неговите одбранбени квалитети што секако ќе му биде од големо значење на Работнички.
Пред Витни, клубот од Градски парк ги донесе Американците Џејкоб Хатсон, Брет Томпсон и Џордан Онил, како и домашните играчи Борјан Стојановски и Филип Наков. Новиот тренер Владимир Мирковски ќе ги има и искусните Стојан Ѓуроски и Виктор Ефремовски кои ги продолжија договорија, како и Дамјан Робев.


