Тренерот на Тофаш, Емил Рајковиќ со многу емоции го прослави синоќешниот триумф против Трапани во Лигата на шампионите.
Меѓу другото и поради смртта на неговиот добар пријател, Владимир Блажев-Панчо кој почина вчера, а на кого му ја посвети победата.

„Сакам оваа победа да ја посветам на мојот пријател Владимир Блажев од музичката група ДНК. Секогаш ми даваше поддршка. Нека почива во мир, знам дека сега е на подобро место“, изјави Рајковиќ по натпреварот.
По две кола, Тофаш е на делба на првото место во својата група, со шпанскиот прволигаш Тенерифе.


