Сениорската репрезентација на Македонија имаше среќа во денешната ждрепка за претквалификациите за Светското првенство во 2027 година.
Нашиот национален тим доби група по мерка и може да се очекува, особено ако биде комплетен, да обезбеди пласман во следната фаза од патот за Мундијалот. Во групата со Македонија се Унгарија и Романија што значи дека ги избегнавме фаворитите Хрватска и Бугарија, како и Украина од која два пати бевме поразени во квалификациите за Светското првенство во 2023 година.

Унгарија е можеби најслаба репрезентација од првиот шешир, а со Романија имаме позитивно искуство и покрај тоа што оваа селекција има солиден тим. Пласман во следната рунда обезбедуваат најдобрите две репрезентации во групата.


