Првиот ангажман на новиот селектор на македонската кокшаркарска репрезентација Марјан Илиевски ќе бидат претквалификациите за Светското првенство што ќе се одржат во август.
Противници во групата ни се Романија и Унгарија, а подготовките за тие дуели ќе почнат на 10 јули во Кале во Скопје. Постои можност ако дојде до помладување на тимот, датумот да се помести за порано. До 18 јули ќе се тренира во Скопје по што репрезентацијата се сели во Гевгелија и таму ќе тренира до 27 јули со тоа што за 25 и 26 се закажани дуели против Швајцарија во нашиот најјужен град.
На 27 јули тимот се враќа во Скопје каде ќе тренира три дена, а пред крајот на јули се сели во Куманово и таму ќе ги пречека своите ривали во квалификациите.


