Рускиот интернационалец Алекс Котов претпладнево пристигна во Скопје каде ќе ја продолжи својата кариера, како член на ТФТ.
Станува збор за 208 сантиметри висок кошаркар кој ги покрива позициите 4 и 5, а во ТФТ доаѓа од рускиот клуб Уралмаш со кого настапил во ВТБ лигата. Соработката со клубот од Екатеринбург траела кратко, па Котов одиграл само еден натпревар и тоа против ЦСКА Москва. Претходно, Русинот настапувал во НЦАА, за универзитетите Илиноис и Кемпбел.
Котов се очекува да биде на располагање за дербито против Работнички претстојниот викенд.


