Дуелот меѓу Вардар и Тиквеш е прекинат на средина од првата четвртина затоа што се расипа главниот семафор во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.
Мечот беше во прекин околу половина час во кој ништо не се подобри. Домаќинот на овој меч Вардар во моментов е во потрага по нова, слободна сала во Скопје, а ако не успее да најде, мечот најверојатно ќе се доигра утре во истиот термин. Во моментот на прекинот, домаќинот водеше со 13-12.
Интересно е тоа што утре во истата сала треба да се сретнат Работнички и МКК Куманово, но ако не се поправи семафорот, веројатно и 15-кратниот шампион ќе мора да бара друг објект каде ќе го пречека својот ривал.


