По тешкиот и напорен пат, македонската сениорска репрезентација вечерва го одржа првиот тренинг во Солнок каде в сабота ќе се сретнат со вториот противник во претквалификациите за Светското првенство, Унгарија.
Како што е познато, селекторот Марјан Илиевски ги поведе сите 15 кошаркари кои останаа во конкуренција, а утре вечер ќе одлучи кои 12 ќе ѝ се спротивстават на Унгарија. Играчите добија малку повеќе време за одмор и аклиматизација пред тренингот кој не беше одржан во салата каде в сабота се среќаваме со домаќинот.
Македонската репрезентација доживеа пораз во првиот меч, против Романија, одигран во саботата во Куманово, но и Унгарците синоќа беа совладани од истиот ривал.


