Иако сите го „видоа“ Реал со пехарот, екипата на Басконија направи сензација и го освои трофејот во шпанскиот Куп.
Во финалниот меч во кој беше прогласен за огромен аутсајдер, баскискиот клуб го прегази Реал со 100-89 за свој седми трофеј во Копа дел Реј, а прв по 2009 година. Реал и втора година по ред губи во финалето од Купот и остана на освоените 29 титули во ова натпреварување.
Победникот се решаваше во последните минути и покрај тоа што Реал во финалната четвртина влезе со предност од 74-67. Басконија го контролираше резултатот во последните минути, Реал се доближи на 89-92, но потоа не искористи неколку напади и Басконија со серија од 8-0 го заврши мечот.
Луваву беше најефикасен во финалето со 28 поени, но Трент Форест беше прогласен за МВП на завршниот турнир, а вечерва му недостасуваше еден скок за трипл дабл (22 поена, 11 асистенции, девет скока). Реал и натаму е апсолутен рекордер по загубени финалиња во Копа дел Реј со 25.


